Од денес (вторник) па во текот на следните денови влегуваме во постуден период и пониски температури за овој летен дел од годината.

Сепак до крајот на денешниот вторнички ден ќе имаме нешто посмирена атмосфера за разлика од вчерашниот понеделнички ден.

Времето во Битола и битолско ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а особено попладне и рано навечер ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со нешто поретки грмежи.

На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Да напоменеме дека температурите на воздухот од денес ќе бидат пониски од нормалните дури за околу 10 степени што е премногу.

Од утре (среда) па натаму во текот на следните денови повторно растат условите за поголема нестабилност и услови за локално НЕВРЕМЕ.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.