За време на овој викенд територијата на нашата држава ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе условува развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Ќе започне да дува северен ветер особено во недела кога ќе има освежување на времето и пад на температурите на воздухот.

Максималните дневни температури на воздухот утре (сабота) ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени додека во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степени.

Бидете екслузивен спонзор на оваа рубрика, контакт ТУКА!

Појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град ќе има и во Скопскиот регион.

На граѓаните ги советуваме во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвоја додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

И во битолскиот регион за време на овој викенд ќе има услови за нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максимумот на температурите на воздухот утре (сабота) ќе се искачат до 30 додека во недела до 28 степени а ќе започне да дува и северен ветер.
.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.