Битолчани со најнов список за субвенции: Снегот си го направи своето!

Битолчани во текот на денешниот ден поради обилниот снег и неможноста за справување со него, до надлежните институции доставија барање за нови субвенции со цел догодина спремни да ја дочекаат зимата која во Битола знае да биде и доста сурова!
На списокот бараат 99% субвенционирање за купување на:

1. Ратраци
2. Џипови 4х4
3. Моторни санки
4.Камиони чистачи
5.Машини чистачи на снег
6. Синџири сами шо се местат, автоматски
7. Лопати, автоматски кои сами чистат
8. Лопати автоматски на даљинско, да не мора од дома да излегуваме
9. Пламенофрлачи
10.Некоја банка плус за комшијата кој “само тој чисти”.
11. За сол и песок.
12. Коскобрани за раце, нозе глава и рамења. Урнек од играчите на рагби во САД.

Списокот е долг но да се надеваме дека барем до кај 97% од барањето ќе биде усвоено и така битолчани сами и спремни ќе ја дочекаат следната зима без да чекаат реакција или интервенција од надлежните …