Битола е светост. Нашиот град од дамнина бил престолнина на големи луѓе, од кнезови, царови па се до султани и владетели. Како неми сведоци се историската Хераклеја, остатоците од замокот на Гаврило Радомир па се до Отоманското наследство кое е распослано насекаде низ градот. Битола никогаш не била крива за тоа што му се случува, пример како што е сега во овие последни 20-тина години, или претходно за време на Светските Војни и големите пожари и разорувања. Градот со неговото свето Име опстојувал многу векови, низ секакви невремиња и виулици, затоа за нејзината состојба нема што неа да ја окривуваме или спомнуваме. Виновни се нејзините владетели. Големите аманети се оставени преку легенди, запишани од големи луѓе…

” Бил некаков прочуен човек. За него се однесува познатата турска народна поговорка: “Не навредувај ја Битола дека во неа почива човек каков што е Кирхор”.

Сите битолски жители се гордеат што ro имаат. Тој дојде во Битола за време на заземањето на градот. Кога веднаш по заземањето на Битола од страна на Османлиите дојде да го посети Кајгусус султан.
Откако виде некакви знаци на натприродни дела кај овој Кирхор баба ја наведе својата глава пред него и му се потчини. Стана бележитост на цела оваа покраина. A долга е редицата на неговите ученици и следбеници коишто кај него прогледале со духовни очи. Неговото седиште беше во Битола, во гробиштата, на врвот на ридот, во малата Умур Челеби. Местото што Кирхор баба го избра за свој вечен престој е украсено со разновидни зеленила и безбројни прекрасни бунарчиња и извори што шумолат. Оваа возвишеност, а особено со божествената привлечлива сила и ковчеџето со коските на споменатиот светител, што не се способни ни најголемите поети и мудреци да ја изразат и опишат, предизвикува најчудни и најразлични чувства кај посетителите.

Затоа не се појави без причина споменатата народна поговорка “Не ја гледај Битола преку раменици. Во неа почива еден Кирхор!”

Дрвото во близина на неговото одморалиште го осветуваат и украсуваат секоја вечер многубројни кандила. А колку е е неговата спроведливост голема се гледа и по тоа чудно чудо дека тие кандила не гаснат и при најбурен ветер”.*

*Мајор Мехмет Тефик
Кратка историја на битолскиот вилает 1911 г.

Затоа драги битолчани, да не ја навредуваме нашата Битола. Состојбата низ вековите се менувала и најверојатно пак ќе биде како што треба. Тоа се случувало на секои 30 години. Знаменитостите и историјата која ја има ни даваат сеуште надеж дека ќе дојдат подобри времиња. А добрите дела и луѓе народот ги запишува за навек. И тие траат преку легендите.

Битола била и ќе биди…