Кога Претседателот на Републиката Јосип Броз-Тито ја посети Битола за првпат во мај 1957, Милтон беше однапред ангажиран да го документира овој настан од страна на историскиот архив-Битола.

На неколку дни пред пристигнувањето на Претседателот Тито, со Милтон беа утврдени низа детал и во врска со тоа. Тој заедно со тогашниот директор на Историскиот архив изработија заедничко “сценарио” според кое требаше да се реализира снимањето. Всушност тоа беше мошне разработен план со цел Милтон да може што поавтентично да го регистрира овој настан. Меѓутоа Милтон успеа да реализира само еден дел од овој план бидејќи протоколот влијаеше врз тоа.

И во текот на двете наредни посети на Битола на Претседателот на Републиката Јосип Броз-Тито, Милтон то снимаше. Во текот на овие посети тој го фотографира со група функционери од градот. Оваа фотографија Милтон ја сметаше за најдрага во својата повеќедецениска фотографска кариера. Во неа едноставно тој беше вљубен и со голем пиетет ја растураше по организациите и претпријатијата речиси во
целата Република. Оваа фотографија (што ја имаше
зголемено на формат 30 х 40 см) тој ја нудеше на оние кои доброволно сакаа да ја купат. Во текот на овој потфат Милтон воопшто не беше заинтересиран за печалба:

“Фототрафијата на другарот Тито со раководителите од градот сакав да ја видам на секаде. Таа е успешен групен портрет и на некој начин го презентира моето мајсторство,”- истакнуваше Милтон, кој за фотографијата наплатуваше колку да ги покрие реалните трошоци.

П.Константинов Браќа Манаки