hdr

Фронтален систем од север ќе биде кривецот за наглата промена на времето кај нас, која треба да се случи во текот на ноќта понеделник кон вторник, како и во вторник особено претпладне, кога ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Услови за провејување на снег ќе има и на пониските места особено во северната половина на државата, а сето ова ќе услови значително опаѓање на температурите на воздухот (за околу 10-тина степени).

Веќе во вторник максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во југоисточните предели од државата, веќе од среда минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, вклучувајќи ги и Битола и битолско, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.

Од сега гледано за време на новогодишната ноќ очекуваме претежно стабилно но студено време.

Подготви: Славчо Попоски

Leave a Reply