Ресторанот „Грне” се наоѓа во строгиот центар на конзулска Битола на плоштадот „Магнолија” во непосредна близина на Саат кула, Битола.

Почетоците на ресторанот „Грне” се во далечната 2002 година и од тогаш, во континуитет до денес представува поим за квалитетна храна.
Ресторанот располага со околу 100 седишта во објектот и околу 40 седишта во летната бавча.
Во прекрасниот староградски амбиент се служат прекрасните малку подзаборавени стари македонски специјалитети.
Тука ќе ги најдете домашните питулици, тавче гравче, пинџур, суви пиперки со компири, ширден, полжави, месо на сач… и што ли уште не.

Без разлика дали поминувате ручек, вечера или вашите најзначајни фамилијарни веселби, поминете ги најпријатните мигови со вашите најблиски во овој прекрасен дом на вкусната национална храна.
Извонредно приготвената вкусна храна од нашите врвни мајстори, кои ќе Ви понудат голем избор на специјалитети од традиционалната македонска кујна (гравче тавче, сарма, ширден, питулици, пинџур…), како и избор на дел од интернационалната, уште долго ќе Ви остане во сеќавањето потсетувајќи Ве на незаборавните мигови во Битола, а „Таму се живот живее, таму се јаде и пие…“.

Телефон за контакт 047 237-800