Под влијание на невообичаено топол воздушен бран кој уште во текот на денов продре од југ, во текот на следните денови ќе имаме невообичаено високи температури на воздухот и истите ќе бидат дури за околу 10 степени повисоки од нормалните, истите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.

Времето во Битола и битолско ќе биде претежно стабилно и суво, во недела и во понеделник повремено и локално ќе има малку поголема облачност и има услови за сосема слаб локален дожд претежно во попладневните и вечерните часови.

НАПОМЕНА: Поради силното јужно и југозападно воздушно струење во следните денови ќе започне да се врши транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашата територија. Ќе започне да дува и умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.

Славчо Попоски