nor_vivid

Површината на Националниот
парк “Пелистер” речиси целосно припаѓа на сливот на Црна Река и вклучува 13 планински езера, од кои 4 се постојани, 3 периодични, 4 повремени и 2 исчезнати, и 12 реки: Маловишка (Шемница), Манастирска, Цапарска, Ротинска, Магаревска, Црвена, Езерска (Лак Поток), Сапунчица, Кранска, Шарска, Брајчинска, и Ржанска Река.

Големо езеро, фото Петар Ставрев

Големото глацијално езеро се наоѓа на 2.218 мнв има овална површина од 3,7 ха, со должина од 223 м., широчина од 162 м, и длабочина 14,5 м.

Малото глацијално езеро се наоѓа на надморска височина од 2.180 метри, има неправилна форма со површина од 0,66 ха со должина од 79 м., широчина од 68 м. и длабочина од 2,6 м. Трето и четврто постојано езеро се Димитровото Езеро (2100 м), и малото Димитрово Езеро (2103 м) и кои се далеку помали од претходните две.

Во периодични езера се Орлови Бари или Орлови Езера (Големо Орлово Езеро 2039 м), Езеро Осумка (2200 м) и Езеро Болници (2220м). Овие езера имаат вода само за време на влажни периоди од годината.

Во групата на повремени езера се четири кои имааат вода само за време на топењето на снегот во пролетните месеци. Две од овие езера Болници 1 (2225 м) и Болници 2 (2215 м) се наоѓаат јужно од езерото Болници, третото вакво езеро е Мало Орлово Езеро (2036 м), и четвртото повремено езеро се наоѓа под гребенот Гарван. Езерото Гарван ( 1960 м) се наоѓа во една мала цирка вдлабнатина која повремено е исполнета со вода. Досега се откриени две исчезнати, и тоа Езеро Баба (2165 м), кое се наоѓа северно од Малото Езеро, а второто исчезнато Езеро Вирои (2240 м) се наоѓа северно, односно под врвот Пелистер.

Доц. д-р Никола В. Димитров

еден коментар

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here