Под влијание на моќниот ФЛОРИЈАН од попладнево времето во државава ќе биде нестабилно облачно со повремени поројни врнежи од дожд во најголем дел од државава кој ќе продолжат и во текот на ноќта кога исто така ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Локално во Битола и битолско можни се ИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси кој ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Слична временска состојба ќе имаме и утре со што повеќе изразена нестабилност и врнежи ќе има на југ и на запад од државава.

Локално особено на запад и на југ од државава ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2) па затоа не се исклучува можноста за локални поројни поплави во зоната на големата нестабилност, во ваква ситуација КРАЈНО ВНИМАНИЕ.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ