Во раните 1958/60-ти години во Битола постоеле пет до шест слаткарници. Едната од нив беше слаткарница АТ-ПАЗАР лоцирана на ул.Александар Турунџев во Битола која денес е со 60 годишна традиција и еден од најстарите дуќани во нашиот град, на исто место со исти газди…

На фотографиите се Асан, Веап и Самедин Јашаровски торбеши со потекло од Гора (тромеѓе Македонија, Косово, Албанија). Едни од најчесните фамилии кои долги години живеат и придонесуваат во нашиот град.

Во тие години младината излегуваа и се дружеја по слаткарници. Кладбите кој повеќе ќе изеди слатки беа мошне популарни. Една од нив беше и најтешката кладба да се изедат една по една 20 тулумби и да се испие шербет од пола литро. Ова скоро и на никој не му успеваше.

Во тие години излезе и муабето за Асан, кој е познат меѓу битолчани и ден денес се споменува “Мижи Асан да ти јадам слатките”.
Кога младите ќе ги потрошиле сите пари низ смеа ќе му речеле на Асан да замижи, за тие да можат слободно да му ги јадат слатките…
Денес тоа се користи за нешто или за некој настан кој е за неверување.
Да ги поздравиме уште еднаш.

Фотографии од Јасер Јашаровски на кого уште еднаш јавно му заблагодаруваме…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here