mde

Митко Ќурчиевски Папаз од 1979 г. професионално работи како фотограф спроведувајќи ја големата љубов кон оваа дејност и постигнувајки забележителни резултати како во црно-белата така и во колор фотографијата, зошто тој е првиот што во 1983 г. отвори прва колор лабораторија за дигитална фотографија во Битола и Македонија.

Нема битолчанец што минувајки за в чаршија покрај битолската пошта, а да не ги забележи неколкуте фотографски дуќани. Bo нив се ангажирани лица од фамилијата Ќурчиевски која веќе е препознатлива преку овие активности. Меѓу Курчиевци кои имаат потекло од Крушево, препознатливи се неколку генерации, а моментално најмладите од нив се браќата Митко и Илчо кои ги презентираат сите предходни искуства стекнати од нивните повозрасни роднини.

Моментално меѓу сите постојано ангажирани фотографи Митко Курчиевски Папаз е со големо искуство како за практикување на занаетот така и за односот со муштериите. Во неговиот дуќан во присуство на неговата сопруга Јелисафка која исто такабпрофесионално ја практикува дејност, разговаравме за фотографскиот занает на овие простори, за традицијата што за истиот ја постави Милтон Манаки и неговите следбеници меѓу кои беа Михајло Зега, Браќата Папакоч и се до резултатите што во оваа област ги постигнуваат и аматерите, а посебно оние помладите што исклучиво се занимаваат со уметничка фотографија.

Ги нагласуваме и оние граѓани што со своите мобилни телефони веќе длабоко навлегле во областа на фотографската дејност.

Роден сум во 1961 г, а со фотографска дејност се занимавам од 1979. До денес имав пауза од само две години кога бев на одслужување на воениот рок во 1980г.-1981г. Занаетот го изучував од многумина, но најповеќе од Таки Папакоч, кој во неговиот работен период беше ненадминлив. Неговиот дуќан нa Широк Сокак сеуште се условува со неговото име зашто тој со неговиот брат се вбројуваат во личностите што оставија свои длабоки траги
во областа на фотографската дејност. Првата камера што ја купив беше “Практика”, а првите црно-бели фотографии ги изработував со “Крокус” потоа ,,Магнифакс”.

Имав голем избор на фотоматеријали што ги набавував во Фото центар Скопје, Кемика Загреб и секогаш се трудев муштериите да бидат задоволни. Набавував материјали и опрема од
Германија и Италија, а со тек на времето купував и апарати. Така имам снимано со ,,Мамија”, “Хаселблад”, а во своето атеље користев најквалитетно осветлување – ни зборува Митко.

Низ улицата минуваат граѓани , тој одвреме-навреме излегува од дуќанот за да испуши цигара, а и да се присети на поинтересни моменти од својата повеќе годишна работа.

Јас бев првиот што не само во Битола, туку и во Македонија од Германија увезов колор лабараторија со дигитална опрема. За квалитет на изработените фотографии можат да посведочат муштериите кои со генерации го посетуваат моето атеље.
Го распрашуваме за љубовта кон
професијата, условите за работа,
воопшто за функционирањето
на овај занает. Полн е со спомени и сеќавања но и натаму смета дека не е дојден денот кога ќе се раздели од фотоапарат. Можеби тоа нема и никогаш да не го направи, зашто преголемата љубов кон него не може така едноставно да го раздвои.

-Мојот син Никола заврши архитектура, но сепак има од мене наследено голема
љубов кон фотографијата.
Овие фотографии што се изложени при влезот во атељето, а на кои е снимен водопадот во Колешино се “направени” од него. И мојата ќерка Милица, која како програмер работи во Виена исто така има љубов кој фотографијата. Можи да речам дека во Битола од секогаш имало добри фотографи-занаетчии и дуќанџии, но и граѓани што со љубов ja негувале фотографијата.

Таа засекогаш ќе биде препознатлива и за нашето семество- ми рече Митко
Курчиевски-Папаз, кој патем да
кажеме дека е и член на Управниот Одбор на сегашната Регионална занаетчиска комора Битола.

Петар Ставрев во првиот (обновен) број на месечникот ЗАНАЕТЧИЈА, под покровителство на Регионалната занаетчиска комора – Битола во кој имате уште многу занимливи и интересни натписи…