Малиџано е еден од најпознатите есенски деликатеси покрај ајварот. Многу домаќинки всушност кога прават ајвар, прават малиџано, зашто ајварот се прави само од пиперки, а кога во него се додаваат и модри патлиџани – тоа е малиџано. Често вкусот не се ни разликува од ајварот, затоа малиџаното се нарекува и брат на ајварот.

Начинот на припрема е ист како ајварот, со сосема мали разлики.

Состојки:

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

20 кг црвени пиперки за ајвар

10 парчиња модар патлиџан

1,5 литри масло

пола филџанче шеќер

5 лажици оцет

2 лажици сенф

сол по вкус

Припрема
Пиперките и модрите патлиџани се печат. Ги ставаме во најлон за полесно да се лупат. Ги лупиме пиперките, им ги вадиме семките и дршките. Исто така ги лупиме и модрите патлиџани. Ги ставаме да се цедат, најдобро преку ноќ. Наредниот ден излупените пиперки и модри патлиџани ги мелеме во машинка за месо и ги ставаме да се пржат во голема шерпа. Постојано мешаме.
Откако течноста од пиперките ќе испари се додава маслото. Прво додаваме околу 1.5 литри, а ако има потреба додаваме уште, максимум уште пола литар.. Се додава и оцетот, шеќерот и солта. Мешаме цело време со голема дрвена лажица. Се пржи отприлика околу 1 час, а се гледа кога е готово ако почне дрвената лажица да остава трага на дното на шерпата. Пред самиот крај се додаваат 2 лажици сенф и се меша и пржи уште неколку мину.
Готовото малиџано се собира жешко во загреани тегли и уаво се затвораат теглите.

Рецептот го испрати Гордана Аџиева-Михајловска

www.macedoniancuisine.com

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here