МАЛА ИСКРА ЗА ГОЛЕМА МАГИЈА во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот Кочо Рацин, во Битола. Ротаракт Клуб Битола Широк Сокак и оваа година активно работи на уште еден хуманитарен проект, во заводот кој врши специјалистичко-консултативна здравствена заштита според медицински индикации. Станува збор за реновирање на 8 плафони во тоалети, реновирање на 8 предпростори за училниците и санирање на дефекти на инсталации во тоалетите.

При поставувањето на овие плафони наидовме на проблем со протекување на инсталациите па извршивме санирање на истите. Што се однесува до подовите се врши комплетно отстранување на стариот дрвен под кој е доста оштетен и поставување на ламинат со лајсни во истите.

Особена благодарност за нашите спонзори, поддржувачи и пријатели, СН Осигурителен Брокер, СН Финансии, Стентон Градба Битола кои што помогнаа овој проект да биде успешно реализиран.