По студениот воздушен бран од североистокот на Европа кој услови провејување на снег и минусни температури насекаде во државава, во текот на следната недела под влијание на јужно воздушно струење се очекува позначителен пораст на максималните температури на воздухот кој ќе бидат малку над просекот за овој дел од годината.

Времето во Битола и битолско ќе биде сончево, повремено со умерена и значителна облачност без врнежи. Услови за слаб локален дожд и снег само на високите планини ќе имаме во вторник и во среда. Температурите ќе бележат тенденција на постепен но значителен пораст и следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Славчо Попоски

Leave a Reply