Во очи на големиот христијански празник раѓањето на Исус Христос-Божик, најпознатите македонски поп-пејачи ќе влезат во студио за да возобноват уште една православна Божикна песна, како што изминативе години тоа го направија со старата коледарска песна „Вечниот Бог“.

Во очекување на „Небо и земја“ во чие возобновување учествуваат Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Некст тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и „Златно славејче“, Ве носиме во Битола, во домот на 81 – годишната Даница Јолевска, која е жив сведок за долгогодишната традицијата на пеење на оваа Божиќна песна во битолскиот крај.

„Небо и земја” е стара словенска коледарска песна, која до денес се задржала во помнењето на старите битолчани, како песна што се пеела и на Бадник и на Божик.
Оваа песна сѐ уште се пее на Бадник во Русија, Украина и Белорусија.
Можно е оваа песна да се пренела во руските земји токму од овде, од Македонија, бидејќи рускиот народ примил крштение од Охридската Архиепископија, а со тоа усвоиле и голем дел од традициите коишто тука се негувале.
Подоцна, пак, поради состојбите во кои западнал Балканот, голем дел од тие традиции кај нас биле изгубени. Но, за среќа биле задржани во Русија која во тоа време била единствена слободна православна земја.
Се претпоставува дека после Октомвриската револуција, руските емигранти кои дошле тука во Македонија, ни вратиле дел од тие традиции, меѓу кои и оваа песна.

Бадникови поворки

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here