Македонската ракометна репрезентација го освои 15-то место на СП во Германија и Данска. Со тоа нашите ракометари го повторија пласманот од претходниот шампионат. Во дуелот за 15-то место денеска во Келн, во “Ланксес Арена” Македонија ја победи селекцијата на Чиле со 32:30 (16:16).

Во еден изедначен натпревар Македонија заслужено стигна до триумфот и со победа се завршува овој шампионат. По изедначеното прво полувреме на почетокот од вториот дел Македонија поведе со 21:18, а потоа противникот направи серија од 8-3 и поведе со 26:24. Во тие моменти селекторот Раул Гонзалез во нападот ја врати формацијата „7 на 6“ и направивме серија од 4-0 за ново водство. Во оваа серија капитенот Лазаров постигна три голови, а голманот Митревски имаше три интревенции.

До крајот серијата голови ја продолжи Манасков со четири од последните пет голови.

Најефикасен кај нас беше Кирил Лазаров со 9 голови, Манасков постигна 8, а Никола Митревски имаше 10 одбрани.

Од оние кои потекнуваат од пелистерската ракометна школа или играле во текот на својата кариера за Пелистер, а се моментално во репрезентацијата на Македонија во ракомет ги издвојуваме: Никола Митревски , Кирил Лазаров , Филип Чурлевски , Филип Кузмановски и Филип Лазаров .

Ви благодариме ракометари! Напред Македонија!