Исмаил Лумановски роден е 1984 година во Битола и е со голема светска кариера зад себе. Се смета за еден од најдобрите музичари на својата генерација во Македонија, кој живее и твори во Еујорк.

Поседува силна музичка страст и динамичка виртуозност, што е само еден дел од неговите карактеристики како уметник. Тој веќе изгради исклучителна кариера како солист и камерен музичар и во класичниот, но и во т.н. крос-оувер репертоар.

Неговата синергија на вроден талент и работа, му овозможува да прави фасцинантни комбинации на народната музика со дисциплината на класичната музика. Лумановски настапува во САД, Европа, на Блискиот Исток, Кореја и Кина, и за своите изведби постојано добива позитивни критики. Умее да ја маѓепса публиката низ целиот свет, а веќе настапил во врвни концертни сали, како „Ратхаус“ во Виена, „Карнеги Хол“ во Њујорк, „Сал Плејел“ во Париз, Емирати палатата во Абу Даби, Кенеди центарот во Вашингтон, Беркли центарот во Бостон и многу други.

Резервирајте на време! Контакт телефон: 075 539 066