Од срцето на Широк Сокак, во најубавиот дел на градот ќе Ви раскажиме за една приказна која започна пред стотина години. Приказна која сите ја знаеме како Хамидие Џамеси, како Крал Петар, Цар Борис, Маршал Тито, Широк Сокак. Како се менуваше власта така се менуваше и името на приказната…
Денес тие се имиња на престижните апартмани Робевски.

Уредени во најлуксузен авангарден и кралски стил, со запазени елементи од традиционалните стилови кои престижно го носат назначеното име кое е напишано на нивниот влез, секоја за себе посебно, од златната соба на Крал Петар, до ориенталните сегменти и турско кадифе во собата Хамидие, па конзулската и аристократска автентичност и комодитет во Конзулската соба, апартманот на големиот Маршал Тито каде тој е на фотографија кога ја посетил Битола и бил токму на ова место на Широк Сокак, до апартманот на големиот Ататурк, кој заслужено како подарок и го има добиено своето значајно место со свој посебен апарман кои заедно се како една целина од апартмани Робевски.

Тука има и соба која е посветена на Хорот Стив Наумов кој долги години престојуваше и работеше тука под диригентската палка на легендарниот Љубо Трифуновски.

Тука пред нив поминаа најголемите султани, маршали, генерали и конзули. Од нивните прозорци сеуште се познаваат трагите кои ги имаат оставено.
Сите си живееме некоја приказна. Тука имате повеќе приказни кои се живописно прераскажани, а сега имате можност и лично да доживеете задоволувајќи го вашиот најпрефинет вкус. И шо е најмногу за поздравување и не остави воодушевени е самата влезна врата. Додека многу од газдите на куќите од Широк Сокак ја уништуваат неговата автентичност, тука една стара и железна врата е заменета со автентична дрвена врата изработена од вредните раце на дограмаџиите која му доликува за влез во оваа убавина.

Нека е им со среќа и да си повелите сите!

Robevski Luxury Rooms Широк Сокак бр.61 Битола

Ова приказна е дел од проектот “Раскажија својата приказна”