РЕТРО / by Димитри Гина /

* ЛЕПА БРЕНА *

НЕКОЛКУ ФОТОГРАФИИ ОД КОНЦЕРТОТ НА ФАХРЕТА ЈАХИЧ – АЛИЈАС *ЛЕПА БРЕНА* ПРЕД БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА…
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Фактички тоа беше нејзиното деби, т.е. за првпат настапи пред Битолчани. Настап со кој навистина остави извонреден впечаток. Денес не би можел да тврдам кој од кого беше позадоволен ?! Таа или публиката која со невидена еуфорија ја пречека омилената фолк-звезда, која покасно навистина прерасна во МЕГА звезда…
И тоа не само на територија на СФРЈ туку и надвор од нејзините граници, Балканот и пошироко..! Нејзиното задоволство најубаво го искажа, искрено заблагодарувајќи се како што рече, чувствувајки “вина” што нема можност за подолготрајна дружба со една ваква уникатна публика, каква не сретнала никаде досега ! Публика, која од самиот старт па сé до крај на концертот, буквално беше “пратечки вокал” на сите до една нејзини нумери.
И самата изненадена дека нема ниту една нејзина песна, која публиката не ја знаеше од почетокот до крај.
А битолчани како ја пречекаа, така и ја испратија новата фолк кралица *ЛЕПА БРЕНА* – после неколку кратното повторно враќање на бината, со нејзиниот тогаш најголем ХИТ “МИЛЕ ВОЛИ ДИСКО” !

П.С./ Поради оштетување на негативи, фалат некои атрактивни снимки, меѓу кои и ‘провокативната’ – своевремено објавена во Сараевски “АС” !

Фото и инфо Димитри Гиновски Гина