Сонце, сабота и слободни. Една комбинација која ретко се случува и не смее а да не се искористи на природа, на воздух, на снег. Ранците под нас, термосите, малце благо и да нѐ нема. Каде ако не на Пелистер. Овај пат го зедовме и сноубордот да го пробаме и длабокиот снег на Антена. Јас си седнав на совозачкото седиште а Мартина возеше. Патот нагоре према Молика е добар и исчистен. Колата ја паркиравме кај на Лазо вилата.

Тука ни е патот за точно да излезиме на Широка (Ловечка) која не беше отворена,

па Седлото и Антена каде стигнавме точно за четири саати.

Таму одморивме некоја минута. Мартина си го подеси сноубордот и левтерно по истиот пат за назад си се спушташе.

Јас трчав по неа и се радував на снегот кој во изобилство го имаше.

Имаше многу ветер, но сепак тоа ни беше еден од поубавите денови поминати на Баба планина кој секогаш ќе си го паметам

Кучето Лаки

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here