Зима како зима многу рано се стемнува. Сатот веќе беше 17.00. Надвор совреме се запалија ќумбињата и Битола се покри со чад.” Кх-кх”…се закашла Лаки. Шо стори чад денес. Мора да се бега негде, ич не се диши…и одма се затрча под прозорецот на Мартина. “Ав,ав,ав”, препознатливо му залаја трипати, шо значи ајде Мартина да шетаме. Мартина излезе на прозорецот насмевнувајќи му се на Лаки. Почекај малце, да се спремам. Си ја облече својата зимска облека за пешачење, ранецот го наполни со чај, благо и храна за Лаки и излезе од својот дом. Ајде Лаки, влегувај во колата, кој уште не доречено веќе беше внатре. Ќе те носам Неолица, му рече, да Неолица да ја гледаме Битола како свети одозгора а и да си ги исплакниме градите… Лаки беше пресреќен. Автомобилот го паркираја во с.Лавци и се искачија за околу еден сат.

Патот не е многу стрмен и е обележан со знаци. Возвишениот поглед одозгора е наградата која сите љубители на искачувањата и планината најповеќе го сакаат да го доживеат.

Тоа го почуствува и кучето Лаки. Далеку и настрана од битолската магла и чад. Подзастанаа во Домот Неолица. Тука обавезно има една соба отклучена. За сите добронамерници барем на кратко да се починат и да се пресоблечат. Тука не изостанаа да поминат и Мартина заедно со Лаки каде си каснаа мала маренда заедно со топло чајче кое си го носеја од дома.

Тоа беше уште едно убаво ноќно доживување. Исполнето со многу адреналин и убава глетка кои ќе останат врежани засекогаш и кај Мартина и кај Лаки.

Блазесиму…