На Ѓорги Османли старото презиме му било Хаџи-Наумови, бидејки некој од неговата фамилија бил на аџилак во Мека, додека презимето ОСМАНЛИ го добивале само одредени битолчани како титула.
По занимање бил кројач.
Бил женет со Марика и имал пет деца.

Најмалиот, Александар станал успешен лекар и се оженил со Марија, ќерката на богатиот трговец Лазо Сервини,кој како подарок му го дадол плацот каде што е сега куќата изградена.
Заљубен во се што видол во Америка,каде што работел и студирал,истото успева да го пренесе во својот дом, богато и аристократски, дотогаш невидено во Битола, исто како и убавата градба на неговата куќа која е изградена во 30-тите години и била вистинска реткост во градот.
Првобитно на приземјето ја имал својата ординација и еден кат на кој што живеел а подоцна и вториот кат бил дограден и служел за изнајмување, за во случај на неговата смрт, семејството да има средства за егзистенција.
Посебно внимание посветил на внатрешното уредување каде најдобрите мајстори, дограмаџии, резбари и копаничари се погрижиле за изгледот на мебелот, витрините, масите, столовите, канабина…

Посебна убавина имале ѕидовите кој својот сјај го имаат уште ден денес и нема потреба од бојосување.

Александар меѓу првите во Битола наместил паркет, сам ја поврзал електричната инсталација и направил стотина места за светилки. Украсни ламби има дури и на гелендерите на скалилата, кои му даваат посебен сјај на влезот. Раритет е и музичкиот кабинет во кој има грамофон со рачка и голем звучник на кој може и ден денес да се слушаат плочи кои Александар ги набавувал од странство.
На потомците им оставил “тантенли” порцелан од Кина, сребрени послужавници и сервиси за ручање изработени од најтенко стакло.
Дворот на куќата истотака бил многу украсен. Постарите битолчани се сеќаваат на градината на Александар која…(продолжува)

Марина Апостоловска “Стари семејства”

еден коментар

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here