Секоја градба или куќа во Битола си има своја приказна. Нас ни оставаат впечаток баш тие што се впечатливи за око и кои оддалеку пленуваат со нејзината убавина и необичност. Така е и оваа приказна за куќата која во Гинимаале некои и ја викаат “Бродот”, најверојатно заради нејзиниот изглед.

Тука живеше Михаил Димовски (Мијал Налбато, НАЛБАТ- турс.-занаетчија кој потковува животни ) заедно со неговата жена Христина Димовска, домаќинка и имале четири ќерки и еден син.

Мијал Налбато имал дуќан на Сали Мост, а преку лето на терен одел на работа, да ги поткова животните, за време на жнеењето, кога животните ги влечеле запрежните коли полни со жито.

Мијал Налбато потекнувал од Гини Маале (Јени Маале) додека Христина била ќерка на Веле Дејанович (Веле Бакало) од Чифте Фурни. Имал бакалница и бил имотен. Со жена му Ана имале две ќерки, едната била Христина која станала жена на Мијал Налбато.

Христина во тоа време, на почетокот на дваесетти век, како девојки се собирале, везеле на ѓерѓеф и разговарале, и се скивале со други момци и момците со девојки на куќни слави.

Христина бендисала некое момче, кое било вработено во адмистрацијата на град Битола. Кажала дома, на татко му дека го бендисва, а тој ја праша што знае да работи момчето, дали знае занает. После негативниот одговор, рекол дека Христина треба да си најде момче кое знае занает за да има сигурност во животот и фамилијата. Така се нашле и се зеле со Мијал Налбато.

Тие живееле во оваа куќа под кирија. Сеќавање за тоа кој ја изградил и кога нема, но била впечатлива и луѓето застанувале да ја видат, со спрат и балкони, еден надвор и еден внатре.

Една рана есен Мијал дошол од терен и со заработените златници ја купил куќата.
За време на окупација во Втората светска војна во куќата на спратот бил сместен германски офицер. Бил тивок, педантен, секогаш чист и со светнати чизми. Им оставал конзерви со храна на фамилијата која живеела заедно со него.

После тоа стапува судбината клета. Мијал фаќа туберколоза и умира на 50 годишна возраст.

Ја остава фамилијата, жена му домаќинка со пет деца, 19 години разлика меѓу најголемото дете и најмалото дете…

Сега моментално куќата се продава. Кој ја милува нека повели, ќе си има една специфична и впечатлива градба во Гинимаале, покрај Драгор, заедно со оваа убава приказна и историја од некогашната куќа на Мијал Налбато…

П.С. Имате ваша приказна? Слободно да не контактирате…

ВЕ ПОЗДРАВУВАМЕ…

Раскажување на Златко Кекел Самарџиев на кого јавно му заблагодаруваме...

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here