Заинтересирани сте за работа во компанијата што вработува повеќе од 6.500 вработени од различни општини, но скептични сте за веродостојноста на информациите што секојдневно ги добивате од вашето опкружување;

Причината поради која досега не сте аплицирале за работната позиција: оператор во производство е потребата „практично” да се запознаете со процесот на составување кабелски сноп;

Подготвени сте за предизвици и поседувате натпреварувачки дух.

Ако одговорот на горенаведените прашања е позитивен, тогаш ги покануваме жителите од општина Прилеп и околните рурални средини да бидат дел од настанот:

„КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ ВО ВАШАТА ОПШТИНА – КроШу РАБОТИЛНИЦА”

Основна цел на организација на настанот е практично, во импровизирани услови да ви го приближиме нашето секојдневие.

Исто така сакаме да:

-ја тестираме вашата подготвеност за предизвици;

-го разбудиме вашиот натпреварувачкиот дух;

-Ве наградиме за вложениот труд

Место на одржување на КроШу настан: Плоштад „Методија Андонов Ченто”;

Датум и час на одржување на КроШу настан: 19.06.2019, започнуваме во 18:00, па натаму;

Право на учество имаат сите полнолетни граѓани;

Правилата ќе ги креираме со меѓусебен договор

По завршувањето на настанот сите заинтересирани ќе можат да пополнат апликација за вработување во нашата компанија и ќе бидат потенцијални кандидати на нашето големо КроШу семејство.

Ве очекуваме!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here