Битолската екипа која што го освои првото место на “FilmConvert Competition”, натпреварот за кратки филмови пред две години, повторно е во трка за првото место на овој пат поголем натпревар од интернационален калибар.

Краткиот филм „Dogs of War“ на битолчани е единствениот претставник од Македонија и се натпреварува за прво место на најголемиот интернационален натпревар за краток филм „My Rode Reel“, организиран од компанијата RØDE.

Филмот е драма во која разбојник е фатен додека ограбува воена патрола и единствениот начин за да се спаси е да го изманипулира својот поранешен колега во изборот помеѓу чесност и материјализам – изборот е очигледен. Снимањето траеше 7 дена, а локацијата е кај „Авионите“ во Битола.

Гласањето трае до 5-ти септември, а во моментов се 6-ти од вкупно 1616 филмови и им треба нашата поддршка да го осигураат првото место.

Затоа да им ја дадеме нашата поддршка на овие млади битолчани и битолчанки со притискање на копчето Vote и логирање преку e-mail, Google+ или Facebook на следниот линк

https://www.rode.com/myrodereel/watch/entry/6078

а воедно можете слободно да го погледнете и филмот!

Браво!