Возејки секој ден повеќе од 250 км. како од шега ги поминавме Дрезден, Десау, Вербен, Лауенбург, Хамбург…

…стигнавме до крајот на Виа Централа -Глукштат. Поминавме 1924 км за 11 дена.

За последно временските прилики во Република Германија не се погодија, постојано не следеше дожд и ниски температури. Но чуствувам дека се затоплува.

Се затоплува заради крајот на оваа исцрпувачка европска велосипедска тура, се затоплува заради патот кој ме чека да се вратам дома во мојата топла земја Македонија, земјата на сонцето и Битола градот на конзулите. Ми беше голема чест што Ве преставував сите вас битолчани!

Мартина Николовска Битола

Мојата поддршка Црвен Крст-Битола, Премиум пиво, Бабук, Пекара Булевар, Миг Травел, Алкалоид Скопје, Кожувчанка, Космос Компани, Cofee House,ЈП Комуналец, ЈП Нискоградба, МПС, Скара Марија, Ел-Бох, Адвокат Бранко Колев, СН Финансиско друштво, Максидент, Џеко Пекара, Метал Апостолов, Queen Кавадарци, Мед-че Стојанов, ИПА Битола, адвокат Даниел Дани Ивановски, велосипедски клуб 15-ти Мај, Општина Могила и www.babambitola.mk.

п.с. Го поздравувам мојот другар и иницијатор на оваа тура Воислав Гушевски кој од оправдани причини не можеше да не придружува…