Секој вторник и четврток попладне во салата на училиштето „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола одекнува џагор и смеа. Тогаш, десетина деца со посебни потреби од Битола заедно со нивните родители тренираат заедно со кошаркарот на Пелистер, Мико Голубовиќ од Србија. Дел од децата тука за прв пат доаѓаат во контакт со топка.

Идејата се родила пред три години на родител, а тој со задоволство прифатил да одвои дел од слободно време за овие деца. Целта му е да им помогне и на децата и на родителите да бидат среќни, но и да бидат физички активни.

-Родителите велат дека е добро, подобро им е отколку нон стоп да се дома или на улица, јас ги носам и своите деца тука. Тука имаат допир и со други деца, се дружиме овде, како семејство. Се обидуваме да најдеме и спонзори кои ќе ни обезбедат патики, тренерки, топки, за Нова година подароци. Мене ме прашаа, изгледа никој не сакал да го прави ова, јас прифатив со големо задоволство.

Ова го правам волонтерски, без примања, одвојувам време за да бидам со нив. Овој цел проект е од општина, рекоа можно е да има плата, но мене не ми е битно дали е платено или не, вели Мико Голубовиќ, кошаркар на КК Пелистер.

Извор и повеќе ТУКА