Почитувани, се наоѓаме пред периодот кој ќе биде најтопол дел досега најтопол ова лето 2018 и токму ова треба некаде да се случи на средината на следната недела.

Температурите на воздухот и покрај тоа што ќе бидат во пораст сепак ќе бидат далеку пониски за разлика од изминатите лета кога знаеле да се искачат дури и до 45 степени.

На средината од следната недела максимумот на истите ќе се искачува во интервалот од 30 до 38 степени а до тогатш ќе се искачуваат во интервалот некаде од 25 до 34, 35 степени. Во Битола и битолско температури до 31 степен со услови за нестабилност следната недела.

Значи и покрај тоа што ни следува досега најтоплиот дел од летото не се очекува ништо екстремно па дури температурите на воздухот и понатаму ќе бидат малку под просекот за овој натопол дел од годината.

Од друга страна пак Флоријан нема намера да не напушти што значи и понатаму ќе продолжи нестабилната атмосфера што значи треба да очекуваме особено во текот на попладневните часови развој на нестабилност проследена со локална појава напороен дожд, грмежи и засилен ветер а можно е и локално НЕВРЕМЕ со град и значително количество на воден талог.

Потоа за време на следниот викенд температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање.

НАПОМЕНА: Поради тоа што се работи за подолгорочна прогноза, измени на истата се можни затоа ние континуирано ќе ја следиме ситуацијата и ќе ве информираме за секоја ново – настаната временска состојба.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.