Некои го нарекуваат зебра колач, некои тигар колач! Како и да го наречете, ова е многу лесен и вкусен колач кој заведува и со вкус и со изглед. По желба може да се додадат и ореви во рецептот. Големина на чашата е 200 м.

Состојки:

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА

2 чаши брашно (плус 2 лажици)
1 ½ чаша шеќер
½ чаша млеко
3 јајца
2 лажици какао
½ чаша масло
½ чаша газиранаа вода
1 ќесичка ванилин шеќер

1 ќесичка прашок за печење

Подготовка:

Изматете ги јајцата и шеќерот, додадете го и ванилиниот шеќер.
Додадете млеко, вода и масло и добро измиксирајте.
Додадете го просеаното брашно со прашокот за пециво. Измиксирајте дур не се измазни смесата.

Поделете ја смесата на два еднакви делови. Додадете го просеаното какао во едниот дел и убаво измиксирате, а во другата половина додадете 2 просеани лажици брашно со што двата дела ќе се изедначат во густината.

Намастете ја или обложете ја со хартија за печење тавата. Користиме кружна тава во пречник околу 25 цм најдобро од тава со вадење на обрачот.

Истурете 3-4 лажици од светлата смеса директно во центарот на тавата. Потоа, во центарот на светлата смеса, истурете 3-4 лажици од темната смеса. И така наизменично ставајте од едната па од другата смеса се додека не се потроши целата количина. Ќе добиете мешавина од многу концентрични кругови кои откако ќе се испечат, на пресек даваат изглед на зебра. Може горниот дел да го декорирате со повлекување на линии па да добиете изглед на пајажина.

Печете во загреана рерна на 180 ° C околу 35 минути.


www.macedoniancuisine.com

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here