Ако некој се сомневаше дали маглајското Студентско лето ќе продолжи да биде Југословенски фестивал за аматерски изведувачи на народна и забавна музика, повеќе нема причина за скептицизам.
Минатиот викенд во Маглај,
се собра младоста од целата земја да пеат, да се запознаат и да се зближат. Домаќинот направи сè за гостољубиво ги компензира малите недостатоци на кои не се имуни дури и големите фестивали.

Генерално, фестивалот задоволи со квалитетни изведби. За разлика од претходниот, оваа година забавувачите беа многу подобри и барем половина од нив беа вистински професионалци.
Првата вечер во конкуренција на народни мелодии најуспешни беа Радмила Диниќ од Белград и
Божана Родиќ од Босанска Дубица, иначе првопласирани
такмичари според одлуката на професионалното фестивалско
жири, односно жирито на новинари и гласовите на публиката.

За Радмила Диниќ наскоро ќе слушне уште многу повеќе.
Иако е на студии на музичка академија, таа верува дека да
откако факултетот ќе го заврши ќе најде место на естрадната сцена. Дека не ѝ е тешко, покажала на прошталната вечера во хотелот “Галеб”, каде што сите топло ја поздравија.

За разлика од народњаците, кои кои тешко ги пратеа членовите на оркестарот од Хрватската телевизија, вечерта со забавна музика беше извонредна. За ласкавата титула за најдобар интерпретатор се бореа
Дарија Михајловиќ од Белград, Даниела Ранчиќ од Сплит, Емина Гибович од Бар, Лидија Перуновиќ од Белград и Славољуб Стојковиќ од Приштина. Meѓутоа, кога се појави гласот на Емилија Сарафска од Битола се почуствува дека до титулата за најдобар ќе биде многу тешко да се стигни.

“Знаев дека добро пеам, но по неуспешниот настап во ’88 година во Валандово кога пеев народна музика, ја изгубив секоја надеж. Маглај ме позлати. Ми ја врати вербата во луѓето, во убавината на дружењето и пријателството “- раскажа Сарафска.

Иако Емилија е победникот на оваа година на фестивалот (гласаа стручното жири, жирито на новинарите и публика во салата) наградата на стручното жири ја освои и Марија Михајловиќ, студент за надворешна трговија од Белград, а првата награда од публиката ја освои Надина Мустафиќ (15) од Маглај, петнаесет години, која успешно ја имитираше Тајчи.

Во салата “Победа”, имаше околу
две илјади посетители, добро беа примени и Нада Овриќ и Зорица Конџа, а веројатно се изненади колку е популарен Даворин Поповиќ и “Индекси” кои неколку пати се вратија на бис по барање на публиката.
Со голема вештина на искусните водители Сабине и Златан Чабаравдиќ е програмата е продолжена спрема утврдениот ред.
Невозможно е да се заобиколат маглајските пекари Мима и Aмбиција кои подготвуваа традиционални специјалитети и многу бројните угостители кои работеа за оваа прилика до касните утрински саати, но, исто така, и вредните членови на Организациониот комитет Јасмин Инсаниќ, претседател, Миша Дурица, Жељко Поповиќ, Жакин Рогиќ, Јадран Павлиќ, Емир Џамбеговиќ, Фарид Башиќ и многу други кои го олеснаа доаѓањето во Маглај од каде сега е многу тешко да се замине…

Фарук Зупчевиќ