Фејсбук групата ‚‚Размена на книги и книжевни муабети/ Book swap and bookish discussions‘‘ од 27-ми Ноември до 16-ти Декември, организира донаторска акција, Новогодишна магија за децата со оштетен слух и говор од заводот ‚Кочо Рацин во Битола‘‘, со тоа што ги поканува љубителите на пишаниот збор, издавачите, како и сите оние кои имаат желба оваа Нова година да им ја разубават на овие деца, да донираат книги, боенки, сликовници, лектири, едукативни книги, училишен прибор и енциклопедии. Целта на оваа акција е да им ја поттикнеме љубовта кон книгата од најмали нозе.

Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат во акцијата, донациите би можеле да ги остварат на следниот начин:
– За Скопје, просториите на книжарницата ‚‚Култура‘‘ се отворени секој ден, со назнака за акцијата ‚‚Новогодишна магија за децата со оштетен слух и говор од заводот ‚Кочо Рацин во Битола‘‘

– За другите градови, заинтересираните може да го контактираат администраторот на групата ‚‚Размена на книги и книжевни муабети‘‘ Благојче Андонов https://www.facebook.com/mungosmugi?ref=br_rs

Да им донесеме насмевка на детските лица и оваа Нова Година да им подариме најубаво подароци – полни торби книги

Линк од настанот: https://www.facebook.com/events/719454481765236/