Шеста победа на КК Хераклеја против КК ТНТ Скопје во спортската сала Боро Чурлевски Битола со резултат од 70:61…

КК Хераклеја се наоѓа на врвот на Втората Кошаркарска лига во Македонија.

АПЕЛ до сите Општествено Одговорни Компании во Пелагонискиот регион и пошироко !!!

КК Хераклеа оваа сезона се рестартираше и со минимални финасиски средства ја започна сезоната во Втората Кошаркарска Лига, без никаков финансиски надомест за играчите, тренерот и управата и без некои повисоки цели. Но, по 8-мото коло се наоѓаме меѓу првите на табелата и со реални шанси за Прва Лига!

Тренираме три пати неделно во малата сала на Спортската Сала Боро Чурлевски (некогаш и два), сала премала за тактички тренинзи, но не можеме да добиеме термин во големата сала каде ги играме домашните натпревари.

Од опрема ги имаме само 1 комплет дресови кои ни се единствената инвестиција од Битолски компании (Bobi turs Buzz – Ice Cream, Milkshake & Donuts Boulevard Bakery)

Казните кои стигаат од МКФ, самите играчи ги плаќаат од сопствениот буџет, односно секоја казна ја делиме на 12 играчи + тренер. Моментално, ситуацијата е максимално критична за опстанок на клубот. Ве замолуваме, Вас, истакнати индивидуи и компании кои сте моќни да ни ја промените судбината. Ситна за Вас инвестиција би помогнала многу! КК Хераклеа знае како да стигне на врвот!
Ви Благодариме !