Повозрасните битолчани со доста емоции се сеќаваат на годините кога се разладувале на познатите битолски места во реката Драгор, како на следната слика местото викано “Киташ” или „Икиташ“( Iki taş тур. значење – Два камења) каде битолчани по цел ден се капеле и уживале под дебелите сенки од дрвјата кои се покрај самата река.

Многу од нив тука за прв пат запливаа и се научија да пливаат, за што на повеќето од нив ова место му останува во нивните најубави спомени…

Локација на река Драгор, наспроти сегашен базен Довлеџик.