ОСНОВАЊЕТО HA КИНОТО „МАНАКИ

Првата светска војна заврши во 1918. Јанаки речиси веднаш го затвори фотографското ателје во Пловдив и се врати во Битола од Бугарија во почетокот на 1919. My се чинеше дека престојот во туѓина беше само лош сон и неповратно минато. Меѓутоа, по пристигнувањето во Битола, тој доживеа нов шок. Глетката на опустошениот град уште повеќе го депримира. Тој се згрозуваше над урнатините што се среќаваа речиси на секој чекор. Сепак положбата започна брзо да се менува. Во градот се почувствува една невидена раздвиженост. Битола беше зафатена со трескавична обнова и изградба. Градот заприлега на големо градилиште во кое никнуваа низа нови објекти на местата каде пред тоа стрчеа јагленисаните греди и куповите од камења и тули. Така, животот во Битола започна постапно да се стабилизира. А и бројот на нејзините жители стануваше се поголем и поголем. Во ваква ситуација Браќата Манаки веруваа дека нивната егзистенција ќе стане подобра ако се зафатат со некоја друга дејност покрај фотографската. Тоа беше поветувачко и својствено на нивниот “трезвен дух„ на кој им беше туѓ секој вид самозалажување. Реалното гледање на животот ги поттикна уште повеќе да размислуваат за проширување на дејноста. Впрочем, на образованиот Јанаки и на природно надарениот со снаодливост Милтон, не им недостигаа идеи. А кога тие двајцата се наоѓаа еден покрај друг, не само што беа духовно повитални, туку се чувствуваа и физички посилни.

Браќата Манаки од нешто мораа да живеат. Тие затоа најпрвин ја обновија работата во фотографското ателје. Работата не им цутеше, но одвреме навреме се подзасилуваше. Меѓутоа, релативно добрите приходи не ги одвраќаа од поопстојното анализирање на севкупннте состојби. Практично, нивните духови не мируваа ни во еден миг. Јанаки и Милтон повторно настојуваа да се зафатат со нешто ново, непознато, По долги размислувања, бидејќи ништо не сакаа да му препуштат на случајот, овие двајца вљубеници во фотографијата и кинематографијата, одлучија да отворат кино. На оваа идеја најверојатно ги упати логичното резонување да се зафатат и со прикажување на филмови, штом веќе самите ги создаваат. Кон тоа Јанаки на Милтон беа поттикнати и од фактот што во Битола. во тоа време немаше постојано кино. Кога Браќата дефинитивно решија да основаат сопствено кино, таа определба во целост ги окупира. Тие едноставно започнаа да и робуваат на оваа идеја.

Ho, без оглед на трескавичнагга желба што noбрзо таа да се реализира, нивните планови во оваа насока беа реални. Тие знаеја да прават разлика меѓу јаве и сништата, па затоа нивниот план за основање на сопствено кино содржеше две етапи. Првата од нив беше краткорочна т.е. поврзана со отворање на летно кино, а втората долгорочна т.е. со изградба на прва наменска зграда за кино. Јанаки и Милтон, според тоа, реализацијата на оваа генерална замисла одлучија да се одвива постапно, низ две основни фази.

ПРВИТЕ КИНО ПРЕТСТАВИ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

До изградбата на првата наменска киносала, тие решија кинопретставите да ги организираат под отворено небо, во што туку за таа цел купеното дворно место на Широк сокак.

На вакво времено решение Браќата Манаки беа принудени од низа причини, a во прв ред заради тоа што за изградбата на планираната кино-сала беше неопходен подолг временски период.

Но, и подготовките за оживотворување на првиот дел од планот не беа краткотрајни. Тие траеја речиси цели две години. Овој труд беше крунисан со успех во ведрата летна вечер на 26 август 1921, кога беше одржана првата премиера во новооснованото Kино „Манаки“. Меѓутоа, Браќата Манаки до одржувањето на првата премиера не само што успеаја да добијат дозвола за непречено вршење на „биоскопџиска” дејност и што го купија дворното место во еден од најживите делови на градот, туку истовремено решија и низа други неопходни нешта, без што киното не ќе можеше да почне со редовно прожектирање на филмовите. Меѓу елементарните услови за непречена работа во прв ред спаѓаа зафатите за адаптирање на една мала зградичка за кино-кабина што се наоѓаше во почетниот дел на купеното дворно место. Наспоредно со ова тие мораа да го организираат уредувањето на дворот, да обезбедат столици, големиот екран и тн.

Впрочем, Браќата Манаки до денот во кој беше одржана првата кино-премиера, со помал или поголем успех, ги решија клучните задачи. Тие, од надлежниот општински орган го добија одобрувањето за адаптирање на зградичката во кино-кабина, на 7 јули 1921. Браќата Манаки веднаш потоа, благодарејќи на својата иницијативност и снаодливост, ја приспособија зградичката за кино-кабина во неверојатно краток рок. Тие во меѓувреме водеа успешни преговори со Ристо Кирјаз за изнајмување на еден погонски мотор од неговата печатница. Тој им беше потребен за покренување на динамото, односно за напојување на кино-проекторот со електрична енергија. Браќата Манаки и Ристо Кирјаз го потпишаа договорот“ на 9 август 1921 г. отпечатување на плакатите.

Публиката требаше да ја придобијат самите. Огромното мнозинство од битолчаните дотогаш воопшто не биле во кино. А луѓето се најчесто недоверливи кон новите работи. Затоа Јанаки и Милтон долго составуваа текстови во кои доминираа зборовите како што се: „сензационален филм“, „филм над филмовите“, „филм во кој настапуваат најпрочуени артисти“ итн. итн.

Првата кинопретстава започна точно во закажаното време, т.е. во 20,30 часот. Во кабината покрај киноапаратерот од Солун беа уште Миха Зега, Јанаки и Милтон. Повеќето од седиштата беа пополнети. Одзивот на публиката беше над очекувањето. Тоа укажа дека претходното рекламирање вроди плод. На репертоарот се наоѓаа пет краткометражни филмови: „Скалила“, „Наполеон Бонапарт“ (само два од вкупно петте делови), повторно дел од филмот „Скалила“, „Прислужникот Даурис“ и „Шеги“. Нов репертоар беше подготвен за 31 август 1921. Тој опфаќаше три филмови: „Чевлар на лотарија“, еден дел од филмот „Наполеон Бонапарт“ и „Океанографи“ . За овие први кинопретстави Миха Зега се сеќава:

Филмовите што ги прикажувавме во почетокот ги имавме земено од Коста Чому заедно со кинопроекторот. Меѓутоа, тие беа во крајно лоша состојба. Од долга употреба, а пред cé поради несоодветно чување, целулоидната лента често пукаше. А кога филмот ќе се скинеше во текот на проектирањето, бидејќи немавме никакво лепило, го соединувавме со помош. Филмот од игличките ќе се движеше час нагоре, час надолу. Во такви случаи што не беа ретки, публиката реагираше на цел глас “Долу Манаки” , “Горе Манаки”,!

Кино Манаки пред зимата се всели во една барака што се наоѓаше каде денес е кино Македонија. Филмовите кои се прикажуваа беа неми. Струјата ја произведуваа сами со агрегат.

ЛОКАЦИЈАТА ЗА КИНО МАНАКИ

Меѓутоа, и бараката и кино бавчата ги сметаа за времени решенија. Основната грижа на Браќата Манаки кратко време по вракањето на Јанаки од интерација беа насочени да се изгради наменска зграда за кино. Оттаму прва задача им беше да најдат празно дворно место. Кон ова се ориентираа затоа што сите нивни обиди да адаптираат некоја од постојните згради за вакви потреби, останаа без резултат. Слободниот градежен простор, меѓутоа, тие не го бараат насекаде, туку главно на Широк сокак или во негова непосредна близина. Според нив секое оддалечување од главната улица на градот значеше неадекватно решение. А наоѓањето на неизградена парцела беше тешко, бидејќи многу згради беа руинирани во војната. Еден број сопственици на урнатите и опожарените куќи уште во текот на Првата светска војна го напуштија градот и се иселија на југ, главно кон Лерин, а некои и во Солун. Точно на еден ваков сопственик беше и дворното место што го одбраа Браката Maнаки. Неговата локација беше извонредно добра. Тоа се наоѓаше во срцевината на Широк сокак што на некој начин се сметаше за центар на градот. Таа локација со една страна излегуваше на главната улица и не беше воопшто оддалечено од нивното фотографско ателје. Ова место како да беше создадено за изградба на кино-сала, особено поради фрекфенцијата на луѓето кои секојдневно поминуваа покрај него и поради тоа што се наоѓаше во непосредно соседство на нивниот стан. Сето тоа придонесе нивната желба да станат негови сопственици, уште повеќе да се продлабочи. Непосредно со тоа Јанаки и Милтон располагаа со пари за оваа цел, бидејќи во тоа време најверојатно имаа оттуѓено, во согласност на татко им Димитрие, некои делови од големиот чифлик. Но, ни желбата ни парите не беа достапни за да можат дворното место да го купат веднаш. Првиот проблем искрсна поради тоа што сопственикот на локацијата веќе не живееше во Битола. Практично, тие нема со кој да преговараат, да се пазарат и евентуално да ги средат неопходните формалности што се вообичаени во вакви случаи. Сопственик на локацијата беше Лука Врета, кој уште во првите години од војната се исели во Грција. Во Битола не живееше ни еден член од неговото семејство, ниту пак некој негов поблизок роднина. Единствено што разбраа, Браќата Манаки, беше тоа, дека иселениот Врета бил вонредно близок пријател со Никола Мицевски. Затоа тие се поврзаа со него и го замолија да посредува во купопродажбша. Мицевски се согласи со овој предлог и за сметка на Браќата Манаки отиде во Солун со цел да се сретне со Врета. Сопственикот начелно ја прифати понудата и го овласти Мицевски да ги застапува неговите интереси при продавањето на неговиот имот во Битола.

Веднаш потоа започнаа преговорите околу утврдувањето на цената на имотот. Тогаш дојде до првите проблеми бидејќи Мицевски со голема умешност сакаше да извлече што поголема цена од Браќата Манаки. Тој, во бројните разговори што ги водеше со Браќата Манаки, работите свесно ги одолговлечуваше. Наспроти тоа што на Браќата Манаки им се брзаше што поскоро да премине овој имот во нивна сопственост. Меѓутоа самарот беше неумолив па затоа дури по речиси седумесечни преговори беше најден заеднички јазик и определена цената. Со неа требаше да се согласи уште сопственикот Врета, кој брзо одговори дека ја прифаќа понудената цена.
Тогаш браќата Јанаки и Милтон Манаки на полномошникогг Никола Мицевски му исплатија 300 златници во готово. Веднаш потоа, т.е. на 7 август 1921 Судот на општина Битола (идното Градско поглаварство) на Браќата Манаки им издаде тапија со која тие и „де јуре“ cтанаа единствени сопственици на локацијата што ce наоѓаше на тогашната улица „Крал Петар“ бр. 93. Големината на овој нов имот на Браќата Манаки беше означена во документи што го издаде Првостепениот суд во Битола на ll септември 1921. Во него е напишано:

-Браќата Милтон и Јанаки Манаки се сопственици на местото на ул. „Крал Петар“ бр. 93. Вкупната површина на местото износ сува 852 м2 односно 889 м2 (како што стои во дополнителната исправка извршена од Првостепениот суд во Битола).

По премостувањето на оваа сложена процедура, по што конечно станаа сопственици на саканата локација, Браќата Манаки започнаа со забрзани подготовки за изградба на првата зграда наменета за кино. Меѓутоа, и тука се судрија со одолговлечувањето што ги диктираше бирократијата.

Браќата Манаки беа повеќе одошто задоволни кога изработениот архитектонски проект, со целокупната придружна документација (статика, премер, пресметка и др.) ги добија во договорениот рок. Архитектонското решение на зградата за киното беше релативно успешно, бидејќи Браќата Манаки порачаа проект за чија реализација имаа определена сума пари, што проектантот беше должен да ја има во предвид при изработувањето на плановите. Неспоредно е дека ножеше да биде изработен и неспоредливо подобар проект, но тогаш тој ќе останеше само на хартија. Битно беше да се изработи решение што од една crpaна ќе ја задоволи својата основна функција, а од друга страна да одговара на материјалните можности на инвеститорите. Фасадата, според проектот, беше пристојна и со своите решенија потсетуваше на специфичен објект.

Тоа беше и една од поентите за кои посебно се залагаше Јанаки, под чиј непосреден и секојдневен надзор cе изработуваше проектот. Киното во дел, беше на приземје и два катови (П+2) co влезна партија, бифе и други помошни простории во приземјето, балкон со седишта за публика на првиот кат и кино-кабината на вториот кат, а во продолжение беше салата во партерот со екранот. Проектот беше мошне едноставен но крајно функционален.

И додека Браќата Манаки го чекаа одобрувањето од надлежниот орган за да можат да започнат со градбата, тие организираа купување и префрлање на неопходните градежни материјали. За нивното складирање времено го закупија соседното слободно дворно место од Фанка Стефановска, што имаше влез од спротивната страна на Широк сокак (т.е. на улицата „Генерал Јуришиќ“ бр. 11). Ha тој начин тие непречено префрлија таму 50 илјади парчиња тули за што исплатија 14.500 динари. Седум дни подоцна Браќата Манаки го купија и го префрлија во времениот склад и делот од дрвениот градежен материјал за сума од 3.200 динари. На ист начин набавија и cé друго што беше неопходно за отпочнување на градбата. Овие подготовки течеа во времето од 14 октомври 1921 па речиси cé до пролетта 1922, т.е. до денот додека не им беше врачена градежната дозвола.

ИЗГРАДБАТА НА КИНОТО И ПЕРИПЕТИИТЕ КОИ БРАЌАТА МАНАКИ ГИ ДОЖИВЕА

Изградбата на киното, според тоа, започна во есента 1922. Откако беа ископани темелите Браќата Манаки, според стариот обичај, повикаа свештеник да го изврши свечениот обред.

Веднаш потем започна градбата на објектот. Таа напредуваше и за мошне кратко време ѕидарите започнаа да ја поставуваат кровната конструкција. За неколку денови зградата беше покриена. Меѓутоа, само еден ден подоцна после поставувањето на ѓерамидите, еден од носечките ѕидови на зградата попушти и кровот се струполи целиот долу. Тоа беше голема несреќа за Браќата Манаки. Тие ги имаа потрошено сите пари и затоа се најдоа пред голема тешкотија.

Меѓутоа, Браќата не се предадоа. Тие, веднаш влегоа во врска со Маршалатот на дворецот на крал Александар I Караѓорѓевиќ и побараа интервенција за брзо добивање на кредит. Маршалатот реагираше на оваа молба на Браќата Манаки. Благодарејќи на тоа беа повикани во Хипотекарната банка во Битола и таму, по скратена процедура им одобрија кредит под поволни услови.

Со добиениот кредит Браќата склучија договор со ѕидарите Крсте Костовски и Филко Јовановски за обнова на срушената кровна конструкција и оштетините ѕидови од северната и јужната страна. Caнацијата се вршеше под надзор и според проект на инж. Томо Крстиќ, кој се залагаше поправката да биде извршена според сите градежни пропозиции.” За извршување на оваа санација Браќата Манаки се обврзаа на двајцата ѕидари да им исплатат 9 илјади динари.”

Во меѓувреме Браќата Манаки и натаму прожектираа филмови во летниот период. Истовремено ја регистрираа својата фирма при Трговската комора во Белград, а од таканаречени Белградски кварт во Битола добија дозвола за да можат да организираат кино претстави во своето кино.

Претставите и натаму се одржуваа редовно, a Браќата Манаки се бореа условите за тоа да бидат што понормални. Големи проблеми искронуваа co обезбедувањето на електричната енергија бидејќи во овој период беа принудени да ja произведуваат сами. За таа цел, во средината на август 1922. тие изнајмија мотор и електродинамо од Коста Сидовски.

ЗАЕДНИЧКО ВЛОЖУВАЊЕ И ОРТАКЛУК СО ДРУГИ БИТОЛЧАНИ

Меѓутоа, тоа беше времено решение па затоа влегоја во преговори со Драгољуб Стојадиновиќ, кој во една прилика при посета на Словенија купил извесна опрема од киното „Империјал“. Бидејќи стануваше збор за поголем број апарати Браќата Манаки му понудија на Коста Чому заеднички да ги откупат. Тој се согласи и на 10 септември 1922 тие купија мотор,“ две штама,“ две „бош“ лампи и еден седуметарски ремен. Поради тоа Браќата му го вратија моторот и динамото на Коста Сидовски на 14 октомври 1922.

Со заедничкото вложување на средства за откуп на инвестициона опрема од Драгољуб Стојадиновиќ, Браќата Манаки и Коста Чому направија прв чекор кон планираното здружување, во кое беше вклучен и Димитрие Георгиевски. Финансиските проблеми ги принудија Браќата Манаки да постапат вака, бидејќи се повеќе и повеќе се задолжуваа и никако не им noаѓаше од рака да ги соединат краиштата на скинатнте конци.

Со земените пари од Хипотекарната банка, Браќата Манаки воопшто не можеше да ги задоволат сите потреби. Точно од тие причини тие го побара излез и здружување. И така браќата Милтон и Јанаки Манаки од една страна и Коста Чому и Димитрие Георгиевски од друга страна, склучија договор на 24 ноември 1923, под следните услови:

1.Коста Чому и Димитрие Георгиевски веднаш по потпишувањето на договорот да му исплатат на досегашните сопственици на кино „Манаки“ -Јанаки и на Милтон Манаки по 48.000 динари или вкупно 96.000 динари и по 16.000 односно по 32.000 годишно до 1926 г. со цел да станат сопственици на 2/3 од киното.

2. Заедничкото кино да започне со работа на 1 декември 1923 и клаузулите на склучениот договор да не се менуваат се до 1 декември 1926, после кој датум ортаците, ако изразат желба, можат да склучат нов договор. Како заеднички имот на ортаците да се смета зградата на киното, послем оградата на дворното место и целокупната друга опрема. Меѓутоа, на Браќата Манаки, согласно овој договор, им беше оставено право да изградат фотографско ателје во делот на локацијата што граничеше со главната улица и дворното место на Jанко Данабаш. Тоа во предната линија не можеше да биде подолго од 4 метра. Просторот за ателје тие требаа да го одвојат со монтажна ограда што ќе овозможува брзо да се размонтира со цел во летните дни да може да се добие поголем простор во дворното место заради поставување на седишта за претставите што се прикажуваа под отворено небо.

3. Заедничкото кино и натаму да ја носи фирмата кино „Манаки“, а на влезната врата под овој натпис да стои „Браќа Манаки, Коста Чомиќ и Димитрије Горѓевиќ“. Истиот натпис да стои на влезниците, меморандумот на писмата, печатот итн. Според оваа точка од договорот експлоатацијата на киното треба да биле насочена првенствено кон организирање на кинопретстави, а во случај на потреби киносалата да може да се отстапува под наем на заинтересирани странки за организирање на театарски претстави. разновидни конференции, собири или друг вид настапи. Приходите од бифето, исто така, одлучија да се сметаат за заеднички. Бифето, по потреба можеа да го издаваат под наем на заинтересираните лица кои се должни да ја напуштат зградата веднаш по свршувањето на кинопретставите или некој друг вид приредба. Во оваа точка од договорот натаму беше прецизирано дека ортаците се согласуваат да бидат делџии на една третина не само на добивката туку и на евентуалните загуби. Ортаците, исто така се согласија заеднички да ги поднесуваат сите трошоци за потрошниот материјал и „другите тековни потреби, вложувајќи за овие потреби по една третина. Според договорот
ортаците беа должни да водат евиденција на трошокот и друг материјал во посебна книга и сите набавки заеднички да ги оверуваат со своите потписи

4. Касиер на заедничкото кино за времето долека трае важноста на договорот да биде Коста, Bо тоа својство тој беше задолжен да ги чува m
заедничките пари, да ги врши сите уплати и истиот и да ја води книгата на приходите и расходи. Ортаците се согласија касиерот секогаш да располага со готовина од 10.000 динари што ќе ги користи за тековните потреби. Касиерот беше обврзан секој понеделник да поднесува отчет за финансиско-материјално работење. Тие одлучија чистата добивка да се дели еднаш седмично, со тоа што на кастро, со тоа што на касиерот секогаш треба да му се остава готовина од најмалку 10.000 динари. Двата други ортаци добија право да го контролираат касиерот секоја вечер пред затворањето на касата, на начин што ќе сметаат дека е најсоодветен.

5. За секретар на заедничкото кино, за времето додека трае важноста на договорот, беше определен Димитрие Георгиевски Старагла. Негова должност беше да ја води и чува коресподенцијата.

6. За раководител на заедничкото кино, за времето додека трае важноста на договорот, беше определен Милтон Манаки. Во ова својство тој имаше задача да го претставува киното во односите со трети лица да води сметка, по претходно усогласување на ставовите со другите ортаци, за благовремена набавка на сите неопходни материјали и други видови потреби сврзани со карактерот на работата на киното, да ја контролира работата на ангажираниот персонал и да се грижи за рекламирање на дејноста и да води сметка дејноста и успехот на киното да биде на височина.

7. Сите ортаци, според овој договор, се обврзаа да вложуваат подеднаков труд. Ако во некој случај Милтон Манаки биде спречен да ги исполнува овие функции, ортаците се согласија дека полноважно може да го заменува неговиот повозрастен брат – Јанаки.
Правото за замена важеше и на Коста Чому, чиј труд можеше да го надоместува неговиот син. Baкво право имаше и ортакот Димитрие Георгиевски Старагла.

8. Ортаците Милтон Манаки, Коста Чому и Димитрие Георгиевски Старагла се согласија по сите прашања да решаваат спогодбено, по претходно договарање, а дефинитивните одлуки да ги донесуваат со мнозинство гласови. На ваков начин пред се одлучија да ги решаваат клучните прашања како на пример во врска со репертоарот, цената на влезниците, снабдувањето со потрошен и друг материјал, инвестициона опрема и друго. Меѓутоа, ортаците се согласија дека секој од нив има право на самостојно осигурување на делот на својот имот што беше здружен.

9. Секој од ортаците, според овој договор, беше овластен да може да потпишува во име на заедничкого кино. Ваквиот потпис ги обврзуваше сите ортаци независно од тоа кој од нив презел некои обврски со својот потпис. Меѓутоа, пред потпишувањето на некаква обврска тие беа должни претходно да се договорат меѓусебе, што впрочем беше во заемен интерес.

Наспоредно со решавањето на овие клучни прашања ортаците предвидоа како ќе бидат регулирани и некои други значајни нешта во врска со заедничката работа. Имено тие се согласија важноста на договорот да изнесува три календарски години a ако од било која и да е причина, од ортаклокот се повлече Милтон Манаки тој беше должен прво, да им надомести на ортаците по 20.000 динари; второ, на секој од ортаците да им ја исплати сумата за купениот инвентар според фактурираната цена; и трето, на секој од ортаците да им го врати делот од амортизациониот капитал вложен при основањето на фирмата, сметано за секој месец по 1.333,33 динари односно по 16.000 годишно за времето што преостанува до истекот на важноста на договорот. Ако пак од ортаклот истапат Коста Чому или Димитрие Георгиевски -Старагла (поединечно или заедно) секој од нив го губеше делот од амортизациониот капитал така да не можеше ништо да побарува од внесените 48.000 динари по колку им исплатија на Браќата Манаки при основањето на заедничкото кино и дека на име другиот имот имаат право на 50% од нивната фактурнрана цена.

Co овој договор беше предвидено дека во случај на смрт на Милтон неговите права и обврски му припаѓаат на брат му Јанаки, а во случај на смрт на Коста Чому или Димитрие Георгиевски Старагла на оние лица што ќе ги определат нивните семејства.

Со договорот, исто така, беше предвидено дека инвентарот ќе му припадне на оној од ортаците кој ќе понуди највисока цена во случај на тројно раскинување на договорот. Ако пак ортаците не сакаат да го задржат инвентарот, тој треба да се продаде а добиените пари да се поделат на три еднакви делови.

На крајот од договорот беше речено дека по истек на трите години Браќата Манаки повторно стануваат сопственици на зградата, што во тој момент треба да биде во исправна состојба. Наспоредно со ова нив им припаѓаше бетонираниот фундамент на моторот, моторот и динамото, што се сметаа за составен дел на зградата.

Договорот завршуваше со клаузула во која на Јанаки Манаки му се дава право да организира по четири кинопретстави годино по свој избор, од што чистиот приход му припаѓаше нему. При тој избор тој требаше да води сметка ова негово право да не предизвика штета на ортаците.

Ортачењето на Браќата Манаки со Коста Чому произлезе врз основа на дотогашните добри деловни врски меѓу нив и заемното почитување и помагање. Браќата Манаки и пред тоа беа воортачени со Коста Чому и во заедништво со него, во времето од 1921 -1922 организираа бројни кинопретстави на три места во градот.”” Еден дел од програмата ја прожектираа во една од салите на хотел „Босна“, вториот дел во салата на хотел „Америка“ и третиот дел во кино-бавчата на Браќата Манаки. Со ортакот Димитрија Георгиевски -Старагла деловните врски беа нови, но затоа и Браќата Манаки и Коста Чому добро се познаваа со него и го сметаа не само за чесен човек, туку и за способен стопанственик.

ИЗГЛЕДОТ НА ВНАТРЕШНАТА СТРАНА НА КИНО МАНАКИ

Санираната зграда на киното „Манаки” ги даваше сите можности за непречена работа. Таа беше добро опремена со неопходен инвентар. Во киносалата имаше вкупно 373 седишта. На првиот кат, на балконот покрај трите ложи со вкупно 20 седишта ( I ложа лево со 6 седишта, II ложа во средина со 8 седишта и III десно со 6 седишта) се наоѓаа уште и 55 други седишта. Партерот беше поделен на два делови. Во првиот дел се наоѓаше по една ложа со по 18 седишта. Вториот дел од партерот имаше 133 cедишта што беа определени како второ место. Пред нив се наоѓаше проекционото платно.

РАБОТАТА ВО ЗАЕДНИЧКОТО КИНО

Работата во заедничкото кино почна нормално да се одвива. Меѓутоа, во споредба со претходните години бројот на посетителите беше намален. Тоа пред cé беше предизвикано со трикратното поскапување на влезниците. Додека до 1922 билетите се продаваа за 1-3 динари, во 1924 тие се продаваа од 3 динари за 3 место, по 5 динари за 2 место и 7 динари за 1 место. За некое поголемо подобрување на положбата не помагаше ни мошне селективно избираниот репертоар, ни напорите што се преземаа преку успешното рекламирање, ни низа други мерки што снаодливиот Милтон ги преземаше со цел да привлече поголем број на гледачи.

Кинооператорот Зега

Меѓутоа, положбата се уште не беше критична. Иако приходите беа скромни тие овозможуваа нормално да се живее. Оттаму ортаците Милтон Манаки, Чому и Георгиески не беа многу вознемирени од cé незабележитлниот растеж на животните трошоци.

Во меѓувреме сопствениците на киното „Манаки” беа должни да се регистрираат во евиденцијата што ја водеше Одделението за индустрија и занаетчиство при Министерството за трговија и индустрија, во Белград, како при надлежниот кварт во градот, со цел да можат непречено да се занимаваат со прикажување на филмови. Во исто време сопствениците на киното „Манаки“ и натаму го држеа под наем соседното дворно место на веќе починатата Фанка Стефановска што го користеа за складирање на огревни дрва, разновиден кабаст материјал и сл.

Киното „Манаки“ во 1925 година започна cé noчесто да се судира со проблемот што изронуваше поради недостатен број на публика. Кино-салата честопати остануваше полупразна и на тој начин реалните расходи едвај се покриваа со остварените приходи. Киното работеше на работ на рентабилитетот и по низа индиции му претстоеја уште потешки дни. Насетувајќи ја оваа положба, пред истек на договорот, прв се повлече Димитрие Георгиевски кој го продаде својот дел на Јанаки Манаки за вкупно 16.500 динари.“ Во наредната 1926 година киното ”Maнаки“ западна во нови финансиски тешкотии. така што браќата Јанаки u Милтон Манаки решија да позајмат од Викторија Радиќевиќ 249 златници и 53.784 динари во сребро, без камата, со рок на враќање до 20 август
1929. Bo врска со овој долг Браќата се согласија да го заложат својот имот, односно да им се стави поп интабулација дворното место и зградата на киното. Тие сметаа со овие средства да ја санираат положбата, но тоа никако не им поаѓаше од рака. Коста Чому не се повлече до крајот на важноста на договорот, т.е. до 1 декември 1926. Меѓутоа тој, како впрочем и Браќата Манаки, претрпе голема загуба.

Во наредната 1927 киното беше исклучиво сопственост на Браќата Манаки. А во оваа година настапија нови финансиски тешкотии за нив. Од една страна ги притискаа големите ануитети што требаше да ги отплатуваат на Хипотекарната банка, како и носечките отплати за позајмените пари од Викторија Радичевиќ. Оттаму, во 1927 година беа исправени речиси пред непремостиви проблеми. Сите нивни напори да се извлечат од тешкотиите остануваа јалови. Екононската криза веќе имаше зачекорено во Битола. Работата во ателјето се намали.

Браќата вложуваа посебни напори да привлечат што е можно поголем број гледачи во киносалата која се почесто и почесто остануваше повеќе одошто полупразна. Во тоа време беа прикажувани и овие филмови: „Атлас“ (филм во 2 делови со 10 чинови, во главна улога со Мачиста). „Борба во воздухот“ (филм во 5 чинови, во главна улога со Хари Џил). „Вештицата и жената“ (филм во 4 делови со 20 чинови, во главна улога со Рене Фаган), “Во чест на татковината“, „Водач на народот“ (филм во 1 дел со 6 чинови, во главна улога со Олаф Фенс), „Грофот Галиостро (филм во 1 дел со 6 чинови, во главна улога со Рамнолд Шмицел), „два разбранувани коњи“ и мн. други.

Интересно е да истакнам, зборуваше Милтон, дека во времето додека филмовите беа неми, ние постојано ангажиравме музичка придружба. Понекогаш свиреа чалгиите, понекогаш некои други мyзичари. Важно беше проекцијата да не биде без музичка придружба, бидејќи во спротивно таа беше грда, речиси несносна. Ние моравме да се снаоѓаме на најразлични начини. А во тоа снаоѓање спаѓаше не само мајсторијата навреме да се обезбедат филмовите од Белград и Загреб, туку и да се организира што е можно посоодветна музичка придружба.

Судрени со крајно намалената дејност на своето кино браќата Јанаки и Милтон Манаки одлучија да го изнајмат на некоја заинтересирана странка. По кратко време како најсериозен кандидат за времено на киното се јави прилепчанецот Ристо Зердевски Зерде. Тој беше, ако може така да се рече човек од филмот. Тој во Загреб имаше завршено артистичко училиште и по професија се водеше како филмски артист. Беше помлад човек со мошне енергија. По извршените усни договарања тие конечно ја потпишаа спогодбата кон крајот на 1927 според која Ристо Зердевски го закупи киното „Манаки“ за време од 1 јануари 1928 до 31 декември 1931.

Работата на киното завршува во 1939 г. кога настрада од голем пожар предизвикан во кабината од фотопрожекторот…

(продолжува)

Користени материјали Браќа Манаки од Павле Константинов, Манаќи и Битола монографија на Д.Д.Такец, Творештвото на браќа Манаки Архив на Македонија.