Кажете им на облаците дека Битола умира, нека знаат Милтон, Јанаки, Такецо, Пепи Бафтировски, Ајри Демировски, Сашка Петковска дека песните за неа сега се таговни а ние битолчани сме расплакани.

Кажете им на облаците дека Битола умира на улица, на училиште, на работа, на театар, на кино, на фудбал, на ракомет…

Во духот на годинешниот Манаки фестивал и неговото официјално лого Tell the clouds, вчера вечер во Битола на црвениот тепих, а и низ градот освестените битолчани ја дополнија пораката. Со порака испишана на своите маици и на постери низ градот граѓански активисти порачаа: Tell the clouds Bitola is dying! – Кажете им на облаците Битола умира!

Битола умира поради негрижата кон градот и масовното иселување поради загадувањето, а оваа порака го изразува огромното незадоволство на граѓаните кои сметаат дека е крајно време Битола да започне да живее и битолчани да дишат чист воздух!

Битола умира чекајќи да дојдат подобри времиња со загадувањето и во сите области да настанат подобри промени. Сакаме да порачаме дека градот е заборавен. Секојдневно се соочуваме со иселување, заболувања. Заборавен е во цела Македонија и сакавме да потсетиме дека постои. Не ни е целта да го бојкотираме фестивалот, напротив тој мора да постои, но сакавме да укажеме пред јавноста дека Битола живее само во таа недела додека трае “Браќа Манаки”… изјави Габриела Илиевска дел од советничката група Поинаку за Сдк.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here