И понатаму продолжува долгиот период на стабилно, суво и натпросечно топло време, односно времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец како за Битола и битолско така и за цела држава Македонија.

Максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Да напоменеме дека сето ова е поради топлата воздушна маса која продира од јужните географски широчини а токму истата владее и во најголемиот дел од Европскиот Континент.

Доколку сакате повеќе информации обратете се на мојот фејсбук профил Славчо Попоски.