Неделни графикони за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола за периодот од 11.11.2019 до 17.11.2019 година.

Неделните извештаи се прикажани според одделните параметри PM10, PM2.5 и PM1 и според локациите на кои има поставено сензор за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Целта за објавувањето на овие Извештаи е од една страна, граѓаните да можат да се информираат за мерењата на сензорите во областа каде што живеат, а од друга страна, надлежните да можат да ги анализираат и да носат заклучоци за тоа какви мерки ќе превземат за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола.

Според анализата на овие графикони може да се забележи дека во измината недела нивото на загаденост имаше драстично зголемување во Понеделникот попладнето после 16:00 часот (најголемо зголемување на мерната станица во Баир дури до 325 mg/m3) за да почне да се спушта на пониско ниво во деновите Вторник и Среда, а во попладневните часови во Четврток (после 15:00 часот) и Сабота (после 17:00 часот). Мерните станици во Бадембалари, Јени Маале и Баир беа со повисоки вредности, а Декорпод и Областа со релативно пониски вредности. Покачувањето на вредностите на параметрите е забелажано во утринските и вечерните часови после 16:00 часот. Секој од Вас може да си направи сопствена анализа врз база на овие графикони и да се информира каков воздух дишел во изминатата недела.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Моменталните вредности и предвидувањата за наредните 24 часа можете да ги следите на: https://airly.eu/map/en/ или на мобилната апликација:
Android: https://play.google.com/store/apps/details…
iOS: https://itunes.apple.com/us/app/airly/id1283400152

Сите дишеме ист воздух 📈📊📉

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here