Најопасниот пожар од низата подметнати пожари кои денес ја зафатија околината на Битола, пожарот кај с. Ротино е ставен под контрола благодарение на екипи на територијалната противпожарна единица на Битола, Ресен и РЕК Битола, механизација и возила од јавните претпријатија, голема помош на вработените во НП Пелистер и локалното население, како и со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Додека некои од битолчаните си тргаја сеир дека има опасност снегот да изгори, благодарение на целата организација на битолската локална власт се спаси проширување на пожарот кон почетокот на моликовата шума.

Видео Александар Ангелевски