Како да си направите топла ракија во ладните зимски денови?

Греената ракија е одличен лек кога чувствувате дека сте пред настинка и кога грлото почнува да гребе. Исто така делува поволно ако ви е затнат носот, со што од интензивната миризба на ракијата ќе почувствувате големо олеснување. За оваа намена чувајте си шише со шливка (ракија од слива) која е најдобра за пиење кога е греена.

Состојки

1 чашка ракија шливка
малку вода
1 каранфилче
1 неполно лажиче кафеав шеќер

Подготовка

Ставете го шеќерот во ѓезве да се растопи и карамелизира и додадете му ја водата. Кога шеќерот ќе се раствори и водата ќе зоврие, ставете му го каранфилчето и додадете ја ракијата и на првото зовривање тргнете го ѓезвето од ринглата. Турете во огноотпорна чаша, почекајте малку и пијте дур е жешка (пазете да не се изгорите). Ние битолчани си ја пиеме во убо друштво и во комбинација со турско кафе…

Една до две, зошто глава боли. 😊

На здравје!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here