edf

Кај Фиќи на тераса

Додека западниот дел од Битола отсекогаш изобилувал со излетнички места, источниот ги немал тие предности, кој ќе ги добие во крајот на 19 век. Гургур Чешма била првата кафеана излетиште што ги привлече младите и популарно станало најмногу заради двете чешми со изобилна вода и богатото зеленило Од високостеблести дрвја. Набгру станало и претесно, па се јавило уште едно, кафеаната на Фиќи. Била мала, приземна, која се препорачувала со широкиот подиум („тераса “) што служел и зa надворешно уживање кафе, уште повеќе во игранките. Се говори дека тука за првпат се заиграле аргентинското танго, валцерот, чарлстонот и фокстротот, донесени од наши печалбари. Говорниот израз -Кај Фиќи на тераса потсетува на тоа време и на денгубата што се трошела таму. Терасата се врежала во колективната меморија како бетонски подиум, континуирано влажен со полевања со вода, на кој се лудувало по брзите ритми.

Александар Стерјовски Калеидоскоп