Ванѓел Атанасовски Ѓуш (1911) неговата работна кариера како металски работник ја започна уште далечната 1924 година кога имаше одвај 13 години . Започна да работи на изградбата на старата зграда на театарот во строгиот центар на Битола. Тоа е она убава зграда која е урната откако започна изградбата на Домот на Културата.

На тој простор беше аур. Арапи чуваа коњи. Од каде Арапи? Па Битола имаше и Татари не само арапи. Имаше и други народности, не се сеќавам на сите. Главен инженер за изградбата на театарот беше Самарџич. Претприемач беше евреинот Давид, богат човек, ја зеде целата работа за 200 илјади динари. Велеше дека не прашува за пари, ги има колку што сака. Тој нас не плаќаше се сеќава Ѓуш на своето прво вработување како ученик во металскиот занает.

Ванѓел Атанасовски Ѓуш

За новата театарска зграда како што се сеќава Атанасовски кадифени завеси биле испратени од кралицата и кралот српски од Белград. Тие завеси стоеја се до уривањето на театарот.

Завесите поклон од Кралицата

Знаете како ја заработував мојата прва плата кога работев на изградбата на театарот? Тој Давид не плаќаше по килограм железо, а тоа значи нормирањето го вршеше според вграденото железо во изградбата вели Ѓуш.

“БУЏОНИ РАСКАЖУВА”
Д. ПАНОВСКИ