Почитувани љубители на ракометот…
Во пресрет на претстојниот натпревар од EHF купот меѓу екипите на РК Еурофарм Работник и РК Берн Мури од Швајцарија кој ќе се одигра во сабота на 17.11.2018 година во Битола, сакаме да Ве информираме дека влезниците за овој натпревар ќе бидат пуштени во продажба на 14.11.2018 година (среда) на три продажни места: Тобако Вагабонд – Brother tobacco (Широк Сокак), Тобако Снеки Нова (Градско шеталиште), и Тобако All in one (Новиот пазар).

Цената на влезниците ќе биде 100 денари.

На денот на одигрување на натпреварот влезници ќе може да се купат пред аптеката Еурофарм на Широк сокак и на касата во спортската сала Боро Чурлевски два часа пред одигрувањето на натпреварот.

Во меѓувреме Ве информираме дека од 05.11.2018 год ќе може да направите резервација за Вашите влезници на маил адресата [email protected] или [email protected]

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Во пораката која ќе ја испратите потребно е да го наведете Вашето име и презиме, бројот на билети кои сакате да ги резервирате и да оставите податоци за контакт (број на мобилен телефон).

Резервираните влезници ќе може да ги подигнете на едно од продажните места за што повратно ќе бидете известени преку маил.

За резервација и купени на најмалку пет билети одеднаш, влезниците ќе ви бидат доставени на Вашата домашна адреса и дополнително како поклон ќе добиете постер од екипата на РК Еурофарм Работник сезона 2018/19, своерачно потпишани од играчите и стручниот штаб на клубот.
Со почит!

РК Еурофарм Работник

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here