Во Битола за прв пат на 15 септември ќе се одржи “Трчај Бе” трката на 5 и 10 километри низ улиците на нашиот град.
Почетокот е закажан од 09:00 на Плоштадот Магнолија.

За таа цел изготвен е сообраќаен проект за посебен сообраќаен режим и издадена е согласност од Општина Битола, како и одобрение бр. 12.1.5/2280/2 од 12.09.2019 година на МВР – СВР Битола.

Посебниот сообраќаен режим ќе започне во недела 15.09.2019 година во 07:00 и ќе трае до 12:00 истиот ден.

За тоа време улиците – Булевар 1-ви Мај (од страна на музичкото училиште – до Црн Мост и од страна на Општината до Безистенот), ул. Добривое Радосављевиќ (кај стаклената зграда и зграда Грозд) ул. Никола Тесла (кај Скопска пивара) ул. Михајло Бојаџиев, ул. Димо Хаџи Попов (помеѓу Офицерски дом и Аероклуб) како и градското шеталиште и цела улица Широк Сокак ќе бидат затворени за сообраќај.

Сите паркинг места на Плоштадот Магнолија и улицата кај Офицерски дом кон кафетеријата Аеро треба да бидат празни.

Битолчани, во недела наутро, дојдете пешки во центарот на градот и бодрете ги над 700-тина пријавени натпреварувачи од Македонија и од 9 земји во светот меѓу кои се имињата на најдобрите македонски атлетичари и актуелната балканската шампионка по улиците на нашиот град.

Ќе им значи Вашата поддршка.