Денес во 19 ч. во Магазата во Битола се одржа изложба 30 години (1989 – 2019) од освојувањето на Монт Еверест од страна на нашиот планинар Димитар Илиевски Мурато и 30 години организација на меморијалниот марш во негова чест од страна на Планинарско Спортскиот Клуб “ПЕЛИСТЕР” од Битола.

Изложбата содржеше фотографии од организацијата на маршот и искачувањето до врвот Пелистер, како и чествувањето на платото пред планинарскиот дом Копанки, фотографирани од неуморниот битолски фотограф и хроничар Петар Ставрев.