Термоелектричната централа „Битола“ е лоцирана на периферијата на пелагонискиот базен, 12 км источно од градот Битола и околу 15 км северно од грчката граница. Таа е составен дел од Рударско-енергетскиот комбинат Битола и е во функција повеќе од 35 години.

Комбинатот, чија основна дејност е производство на електрична енергија и јаглен, е најголем во системот на македонското електростопанство и е составен од две производствени единици: ПЕ Рудници (Суводол и Брод Гнеотино) и ПЕ Термоелектрана.

Првите киловат-часови електрична енергија во термоелектричната централа Битола се добиени во 1982 година кога во работа е пуштен првиот од трите блока на електраната. Производството го овозможуваат три блока чија моќност со реконструкција во 1994 година е зголемена за дополнителни 15 MW по блок или за вкупно 45 MW нова моќност.

Фотографиите се од изградбата и отворањето на РЕК Битола.

Нека е честит Денот на рударите 28 Август!

Leave a Reply