img_20160816_135059.jpg

img_20160816_135041.jpg

 

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

 

 

 

 

Во подножјето на нашето Тумбе Кафе,покрај патот кој води од Битола кон Буковска населба и Република Грција се наоѓа посебното старо Турско училиште наречено Исљахането во Битола.Во просториите на некогашната фабрика за чоколади и кекс “Прогрес” се наоѓало ова училиште кое подготвувало ученици кои биле занаетчии со занаети како кондураџискиот,терзискиот,дограмаџискиот и други.Со нив се задоволувале потребите на 30.000 војска која била сместена во старите Турски касарни.Истото почнало со работа во 1900 г. и било финансирано од државни средства каде учениците покрај теорија изведувале и практични часови.Во училиштето биле примани само машки деца (по пишувања од Ѓ.Д.Цолев).

img_20160601_131625.jpg

 

 Уметничкото и занаетчиското училиште обучувало ученици во занимања кои беа барани во тој период како: кројачи, столари, грнчари, инженери, и телеграфисти. Сите овие големи објекти се изградени кога на власт во Битола како валии беа Ахмед Ејуб Паша и Абдул Керим Паша.(Димче Најдов и Музеј Битола “Битола стари разгледници”.

img_20160601_131701.jpg

 

Една од поголемите битолски убавици кои се заборавени и од надлежните и од сите нас.Исљахането во Битола е голем и грандиозен Историски објект кој е заштитен со закон.

img_20160601_131727.jpg

Исљахането е дел од Старите  Турски училишта и Академии кои се препознатливи во нашиот град,кој е различен од другите и каде како професори беа познатите Тефик Беј и Данаили Ефенди,со нивните ученици Кемал Ататурк и Али Фести Беј…

Исљахането е дел од Битола,бабам Битола кое ден денес не чека да му ја вратиме заслужената убавина,која ја имало некогаш како на сликата…

img_20160601_122344.jpg

img_20160816_135059.jpg img_20160816_135041.jpg wp-1471378907432.jpg

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here