Во текот на вчерашниот ден се одбележаа 15 години постоење на компанијата Интерворкс која започна со 5 а сега има 150 вработени.

Роденденската прослава се одржа во Порта Џез каде имаше многу дружење, музика, торта,

пијалок и храна, организирано се под конец од менаџментот на компанијата.

“Мерката за една успешна компанија се луѓето кои работат во неа.

Оваа година славиме 15 успешни години, години со насмевки, многу спомени и многу успеси.

Ги славиме убавите моменти од денес, спомените од вчера и надежите за утре.Интерворкс не би била она што е без вложениот труд на секој кој е дел од оваа приказна. Голема благодарност до сите оние кои се дел од успесите на компанијата низ годините-ние го цениме и вреднуваме вашиот труд и нетрпеливо ги очекуваме предизвиците на иднината.”

Компанијата планира отворање на едукативен центар со цел да им помогне на сите кои сакаат да изградат кариера во ИТ да ги усовршат своите знаења.

Затоа не губете време и инвестирајте паметно во вашата иднина…

Честит јубилеј Интерворкс!

InterWorks Education Center Bitola