Утре, четврток на 21.03.2019 во 11:00 часот во градскиот парк- Битола (кај детскиот парк), ќе се одржи настан посветен на акцијата “Дај свој придонес-засади дрво” , организирана од страна на Интерворкс, во соработка со Општина Битола и ЈП Комуналец Битола, а со поддршка од страна на компаниите Бимилк, Кромберг и Шуберт, Хемометал, Синпекс, Киро Дандаро, Кус Кус и Цилиндо.

На настанот ќе биде присутна градоначалничката на град Битола -Наташа Петровска, директорот на ЈП Комуналец -Панде Богоевски, ученици од основните училишта, граѓански здруженија како и претставници од сите компании поддржувачи на акцијата.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here