На барање на повеќе компании од Битола да се вклучат во нашата акција за зазеленување на Општина Битола, ги повикуваме сите правни и физички лица, како и амбасади и конзулати да ни се приклучат како донатори во реализација на втората фаза од проектот Дај свој придонес- засади дрво.

Сите заедно можеме да придонесеме многу повеќе во зголемувањето на квалитетот на амбиенталниот воздух кој го дишеме со засадување на што поголем број на дрва.

Реализација на оваа фаза со засадување ќе има во средината на март, 2019 година. Заинтересираните донатори може да не’ контактираат најдоцна до 26.02.2019 на [email protected]

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here